Прилеп
Македонското извидништво гради одговорни личности
25.02.2023 15:10
Извидништвото има силни пораки за градење на карактерот кај младите и создавање одговорни личности. Посилна поддршка од државата за младите да му возвратат на општеството…

Ова е заветот што го положуваат преку 3.000 извидници во земјава, слично е и со 60 милиони во светот.
Доблесни карактеристики, градење сигурна и одговорна личност е во основата на извидништвото како движење, е пораката од 400 извидници кои се собраа на место со силна симболика – Могилата на непобедените во Прилеп.
Младите се желни да научат, треба повеќе волонтеризам и поддршка од државата – да не дојде денот кога попривлечни ќе бидат далечните земји.
Годинава се навршуваат 70 години од извидништвото во Македонија.
Елизабета Митреска
