65 санкционирани возачи на територијата на СВР Битола
При контролата санкционирани се 65 возачи, од кои 11 за возење без возачка дозвола, поднесени се 8 барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, санкционирани се возачи на 6 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и 3 возачи кои вршат јавен превоз на патници.

Денеска во периодот од 10.00 до 14.00 часот Секторот за сообраќајни работи и Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата спроведоа акциска контрола на територијата на СВР Битола за санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.
При контролата санкционирани се 65 возачи, од кои 11 за возење без возачка дозвола, поднесени се 8 барања за поведување прекршочна постапка за правни лица, санкционирани се возачи на 6 моторни возила со изминат рок на важност на сообраќајната дозвола и 3 возачи кои вршат јавен превоз на патници.
На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, соопштуваат од МВР.
