Нова рудна разговори за името денеска во Њујорк

06.05.2014 09:04

По последната рунда разговори што се одржа на 26-ти март, Нимиц изјави дека не бил постигнат напредок, но била постигната согласност за поинтензивни разговори...

Во Њујорк денеска ќе се одржи нова рунда разговори свикани од посредникот во спорот за името, амбасадорот Метју Нимиц и претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис.

Средбата се очекува да почне околу 15 часот по македонско време, во седиштето на Обединетите нации, по што ќе следи и изјава за медиумите. Согласно воспоставениот формат на средбите, Нимиц вчера имаше одделни средби со учесниците во разговорите.

По последната рунда разговори што се одржа на 26-ти март, Нимиц изјави дека не бил постигнат напредок, но била постигната согласност за поинтензивни разговори.

Се очекува по грчките избори, Нимиц да ги посети и Македонија и Грција.