Временска прогноза
Променливо облачно и релативно топло време
26.02.2023 09:01
Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло, ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец...

Времето ќе биде променливо облачно и релативно топло. Кон крајот на денот во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд кои ќе продолжат и ќе се прошират преку ноќта, а локално ќе бидат поројни, проследени со појава на грмежи. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 10, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје променливо облачно и релативно топло. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец, во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 19 степени.
