празник

Православните граѓани денес слават прочка, Струмица и Прилеп доследни на традицијата

26.02.2023 09:49

Овој ден е голем празник за христијаните, ден кога луѓето си простуваат меѓусебе. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања, струмичките карневалци со раскошни и креативни маски дефилираа на улиците. На вековната традиција доследни и прилепските мечкари, над 500 маскирани низ градот под Марковите кули...

Прочка е еден ден пред почетокот на Велигденскиот пост. Датата на празникот се менува во зависност од датата на Велигден и секогаш е точно на 7 недели пред Велигден.

Овој ден е голем празник за христијаните, ден кога луѓето си простуваат меѓусебе. Со празникот се поврзани и голем број на обичаи и верувања.

Православното христијанство на меѓусебно простување помеѓу верниците, струмичките карневалци со раскошни и креативни маски дефилираа на улиците. На вековната традиција доследни и прилепските мечкари, над 500 маскирани низ градот под Марковите кули.

Од верски аспект, Прочка е една од манифестациите на искрената и пожртвуваната љубов кон ближните, која го следи примерот на Исус Христос за безусловно и безгранично проштавање меѓу луѓето.

Со Прочка завршуваат зимските и почнуваат пролетните празници.