Хрватска
Се преврте автобус во Хрватска, едно лице загина
26.02.2023 10:03
Кај клучката Бриње се превртел автобусот со албански регистарски ознаки, полицијата соопшти дека 58-годишниот возач, албански државјанин, од засега непозната причина, удрил во ограда и се превртел...

Најмалку едно лице загина, а неколку се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на автопат во Хрватска.
Кај клучката Бриње се превртел автобусот со албански регистарски ознаки, полицијата соопшти дека 58-годишниот возач, албански државјанин, од засега непозната причина, удрил во ограда и се превртел на левата страна.
Во автобусот во моментот на несреќата имало девет патници и возачот, едно лице загинало, а неколкумина се повредени, во тек е истрага.
