Тихи океан

Силен земјотрес во близина на руските Курилски острови

26.02.2023 10:18

Земјотрес со јачина од 6 степени во Тихиот океан во близина на Курилските острови...

Земјотрес со јачина од 6 степени во Тихиот океан во близина на Курилските острови. Потресот бил на 102 километри југозападно од селото Головнино на курилскиот остров Кунашир, на длабочина од 63

километри. Тресењето на земјата било почувствувано во регионалниот центар јужно-курилски.

Земјотрес од 6,2 степени по Рихтер ја погоди областа кај Нова Гвинеја, земјотрес со јачина од 6,1 степени го погоди и јапонскиот остров Хокаидо, не е познато дали има жртви и материјална штета.