Германија

Шолц бара поддршка од Индија за изолирање на Русија

26.02.2023 10:30

Германскиот канцелар Олаф Шолц побара од индискиот премиер Моди, Индија да ги поддржи или да не ги блокира напорите на Западот да ја изолира Русија...

Германскиот канцелар Олаф Шолц побара од индискиот премиер Моди, Индија да ги поддржи или да не ги блокира напорите на Западот да ја изолира Русија поради нејзината војна против Украина. Шолц истакна дека поради војната во Украина, земјите во развој се погодени од недостиг на енергија и храна.

Изрази надеж дека Индија ќе помогне во обезбедувањето на критичните резерви на храна за ранливите земји во Азија, Африка и Америка.