Франција

Макрон најави посета на Пекинг

26.02.2023 10:42

Францускиот претседател Макрон, најави дека ќе ја посети Кина на почетокот на април и го повика Пекинг да „помогне да се изврши притисок врз Русија“...

Францускиот претседател Макрон, најави дека ќе ја посети Кина на почетокот на април и го повика Пекинг да „помогне да се изврши притисок врз Русија“ за прекин на војната во Украина.

Еден ден откако Кина повика на итни мировни преговори, со објавување на својот план за ставање крај на војната во Украина, Макрон рече дека мирот е можен само доколку руската агресија биде запрена, силите се повлечат и се почитува територијалниот суверенитет на Украина и на нејзиниот народ.