Турските сорти ориз поуспешни
06.05.2014 09:08
Зголемени површините со турските сорти ориз. Рекордните приноси и добриот квалитет лани, ги убедија и другите земјоделци да ги насеат новите сорти...

И годинава ќе се сеат турските сорти ориз. Отпорноста, квалитетот и поголемите приноси, мотивираа нови производители да ги заменат традиционалните италијански сорти.
Приносот е поголем и се движи од 9,5 до 11 тони во просек, а италијанскиот ориз од 6 до 8 тони по хектар додека кршливоста на арпата при преработката е од 37 до 64 проценти.
На ланските 20 во проектот на турската агенција ТИКА ќе им се приклучат уште 60 оризопрозопроизводители.
Со проектот е обезбеден бесплатен семенски материјал,стручни совети и сигурен откуп.
Методија Трајков
