Штип

Локалитетот „Баргала“ ќе биде целосно осветлен, ограден и мапиран

26.02.2023 11:54

Само со меѓуинституционална соработка може да се заштити археолошкото богатство и да стане поатрактивно за посетителите. Почна уредувањето на археолошкиот локалитет „Баргала“, заеднички проект на штипскиот музеј, Источно планскиот регион и Општина Карбинци...

Со буџет од шест милиони денари од Бирото за регионален развој и Општина Карбинци, ќе се осветлува, оградува и мапира археолошкиот локалитет „Баргала“. Работите треба да завршат до крајот на август.

Мапирањето и уредувањето на „Баргала“ ќе привлече повеќе посетители, што е значајно за Општина Карбинци.

Центарот за развој на Источен плански регион во неколку наврати работи на проекти за заштита на Баргала.

Иако е истражена само една десетина од археолошкиот локалитет „Баргала“, се гледа епископската базилика со мозаици, крстилница и бањи, цистерни за вода, стопански и станбени објекти. Овде е и средновековната црква „Свети Ѓорѓи“ и остатоци од друг старохристијански објект.

 

Славица Величковска