Трагедија

Почина од струен удар 14 годишно девојче

26.02.2023 13:08

Од наивна детска игра до голема трагедија, 14 годишно девојче почина од струен удар, се качила на вагон цистерна и ги допрело жиците под висок напон, покажуваат првичните информации. Телото е предадено на обдукција, направен е увид на местото на несреќата соопшти Основното јавното обвинителство..

Девојчето починало на самото место, а потоа избил пожар кој во МВР го пријавил граѓанин кој живеел во околните куќи, со двете деца е извршен разговор, местото е фотографирано и се работи на испитување на сите околности кои довеле до трагичниот настан соопштија од Јавното обвинителство.

Телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина информираа од МВР.

Опожареното тело на девојчето го пронашле екипите на противпожарната единица кои интервенирале со две возила и седум пожарникари и спречиле поголема трагедија, бидејќи вагоните бил полни со нафта.

 

Викторија Милевска