Битола

Недостасуваат лиценцирани туристички водачи

26.02.2023 13:36

Нелојалната конкуренција се повеќе присутна и во дејноста на лиценцираните туристички водичи. Велат со години апелираат на проблемот кој е сè поприсутен и негативно влијае при презентацијата на нашите историско-културни вредности и е катастрофален за фит бекот посебно на странските туристи...

Локацијата која ја посетуваат туристите може да изобилува со значајни културно-историски знаменитости, но без присуство на лиценциран туристички водич приказната често е непотполна а некои факти можат да бидат искористени во друг контекст. Фит бекот посебно на странските туристи може да биде катастрофален а веќе и домашните се повеќе тоа го осознаваат.

Професијата едноставно не научи секојдневно да се надградуваме вели лиценцираниот туристички водич Горан Пинза. Но за жал како и во секоја дејност и во нашата постојат диви водичи кој се изнајмуваат од странските туристички групи.

И покрај многуте укажувања вели засега нема санкции иако тоа е казниво со закон.

Дека презентираното е навистина поквалитетно деновиве се уверија и повозрасните битолчани, кога преку бесплатната двочасовна тура слушнаа многу нови моменти од минатото за својот град.

 

 

Стевче Митревски