Тетово

Самоспасувањето- прв чекор при секоја природна непогода

26.02.2023 14:19

Самоспасувањето во случај на природни непогоди е основата да се намалат последиците, вели искуството на екипите од Дирекцијата за заштита и спасување, која неодамна се врати од спасувачката акција од разурнатата област од Турција, погодена од земјотресот. Заштитата во случај на земјотрес, поплава или друга непогода, треба да се воведат и како предмети во образованието, додаваат оттаму...

Самоспасувањето е првата и основна алка за се намалат загубите, во случај на природни непогоди.

Специјалните тимови се мобилизираат, го менаџираат целиот процес, но дотогаш во тие критични кратки моменти, треба да знаме како да си помогнеме себе си и на другите, велат од Дирекцијата за заштита и спасување. Неопходна е едукација преку системско образование и работилници, за основните вештини за самозаштита.

Дирекцијата си има и свои волонтери, кои пружаат помош, во зависност за какви непогоди станува збор. Мора да се знаат првите чекори, кои треба да се направат, во случај на земјотрес.

Наумовски и Стојановски беа дел од тимот на Дирекцијата кои се вратија од погодените турски подрачја, од каде извлекоа една жена од под урнатините.

 

 

Зоран Димовски