Тресењето на земјината почва продолжува
Земјиното тло не мирува. Нови силни земјотреси со јачина над 6 степени според Рихтер во Папуа, Нова Гвинеја и во близина на руските курилски острови. Предупредувања од агенцијата за справување со катастрофи-уште најмалку две години ќе траат последователните земјотреси во погодените подрачја во Турција...

„Гардероба е за 15.000 лири. колку имаме сега за да ја купиме повторно? Ако некој сака да си ја извади облеката, нека оди не нè пуштаат да ги земеме главните предмети за домаќинството“, изјави локална жителка.
„Државата не треба да не жртвува“, додаде друг локален жител.
„Сите вредни работи на луѓето останаа во нивните куќи, секој има вредно нешто оставено зад себе. Владата не ни дозволи да извадиме ниту една игла“, рече локален жител.
„Нека се намалат последователните потреси, луѓето во оваа фаза не треба да влегуваат во нивните куќи оштетени од земјотресот. Знаете и што се случи во Хатај луѓето се вратија во своите куќи да ги извадат своите работи, а токму тогаш имаше земјотрес и луѓето повторно останаа под урнатините. Луѓето треба да ги слушаат советите на стручните тимови и да не влегуваат во нивните домови“, изјави Махсун Чија Коркмаз-претседател на комората на градежни инженери во Дијарбакир.
Турскиот претседател Ердоган, вети дека во рок од една година ќе изгради околу 200.000 постојани куќи во 11-те провинции погодени од земјотресот.
Децата кои го преживеаја земјотресот во Сирија добиваат третман во градската болница во Идлиб.
„Зошто не им ја даваат потребната грижа? Тие се повредени, дали овие луѓе се одговорни за Асад и границата и Меѓународната заедница? Дали може да разбере? Ги загуби сите од своето семејство. Тој не знае ништо за ова, сакам овој пациент да преживее“, изјави д-р Сами Кадур-шеф на болницата Шам, Сармада.
Доцнењето на медицинска помош од Обединетите нации во оваа област резултираше со повеќе смртни случаи и повредени и предвреме родени бебиња.
Многу луѓе се исплашени и повеќе би сакале да спијат надвор во случај на нов земјотрес.
Марина Ристова
