Од денеска директна авиолинија Скопје- Рим

06.05.2014 09:15

Летовите ќе се одвиваат секој ден од главниот римски аеродром Фијумичино до Александар Велики во Скопје, со авиони Eмбраер Е-175...

Од денеска започнува да сообраќа директната авионска линија Скопје- Рим на италијанската авиокомпанија Алиталија.

Летовите ќе се одвиваат секој ден од главниот римски аеродром Фијумичино до Александар Велики во Скопје, со авиони Eмбраер Е-175. Авионот од Рим ќе биде пречекан денеска во 15 часот и 45 минути со воден мост.

Во мај ќе се работи со редуциран распоред со 30 повратни лета Рим - Скопје - Рим, а од јуни целосен распоред со секојдневно летање.  Од 1 јуни од Скопје авионите на Алиталија ќе полетуваат во 5 часот и 30 минути со пристигање на Фијумичино во 7 часот и 20 минути (во понеделник, вторник, петок и во сабота), како и во 17 часот и 5 минути со пристигање во Рим во 18 часот и 55 минути (во вторник, среда и во сабота).

Летовите од Рим ќе бидат во 21 часот и 30 минути со пристигање во Скопје во 23 часот и 20 минути (во понеделник, четврток, петок и во недела) и во 14 часот и 35 минути со пристигање во Скопје во 16 часот и 25 минути (во вторник, среда и во сабота).