Прилеп
Забава под маски и во градот под Марковите Кули
26.02.2023 16:42
Преку 5.000 маскирани дефилираа во центарот на Прилеп на карневалот „Прочка 2023“, карневалот го отворија познатите прилепски мечкари, ги избркаа злите духови, ја најавија пролетта и ја продолжија вековната традиција. Голем број посетители од земјава и странство...

Мечкари, камено време, часовник кој отчукува, другарот Тито, забавувачи на штули, посетители од странство. На прочка, Прилеп беше голема карневалска сцена, над 500 маскирани со преку 20 групни маски од цела Македонија дефилираа во центарот на градот.
Мечкарите ги избркаа злите духови, го отворија карневалот, организаторите задоволни што се одржува вековната традиција и простувањето на прочка.
Елизабета Митреска
