Италија
Загинати мигранти при несреќа со брод во Италија
26.02.2023 17:12
Италијанската крајбрежна стража и пожарникарите пронашле повеќе од 40 тела откако брод со мигранти потона во близина на италијанскиот источен брег...

Италијанската крајбрежна стража и пожарникарите пронашле повеќе од 40 тела откако брод со мигранти потона во близина на италијанскиот источен брег, во регионот Калабрија.
Спасени биле околу 80 луѓе, меѓу жртвите има и бебе старо неколку месеци. Бродот превезувал повеќе од 100 мигранти кога наишол на проблеми во Јонското море. не се соопштени детали за националноста на мигрантите, не е јасно од каде тргнал бродот, но бродовите со мигранти кои пристигнуваат во Калабрија, обично тргнуваат од бреговите на Турција или Египет.
