Силекс го совлада Шкупи
Првата македонска фудбалска лига, Силекс го совлада Шкупи со 2:1 и го оневозможи шампионот да избие на првото место на табелата...

Во дербито на 20. коло во Првата македонска фудбалска лига, Силекс го совлада Шкупи со 2:1 и го оневозможи шампионот да избие на првото место на табелата.
Кратовци по првиот дел водеа со 2:0, а стрелци на погодоците беа Стефан Милосављевиќ во четвртата и Марко Ѓорѓиевски во 30. минута.
Шкупи во следното коло ќе има шанса да го преземе врвот зашто Струга е слободна, а чаирчани имаат домашен меч со Академија Пандев, пред големото дерби за титулата за две недели отсега во Струга, меч кој ќе решава за првото место и за прашањето кој од двата кандидати за круната ќе има домашен меч во третиот и последен круг во сезонава.
