Денес е Ѓурѓовден, Великомаченик Георгиј Победоносец
Денес, Ад ја враќа Персефона кај нејзината мајка Деметра, и следните шест месеци ќе биде зелено, топло и весело – според митските предхристијаснки верувања а во Христијанскиот свет денес е Ѓурѓовден, празник посветен на Великомаченик Георгиј Победоносецот.

Именден празнуваат: Ѓурѓа, Ѓоре, Ѓорѓија, Ѓуро, Ѓурѓица, Ганка, Ганчо, Гинка, и др.
Ѓурѓовден е најголем пролетен празник што го празнува не само христијанското туку и другото верско население, што од друга страна зборува за фактот дека во неговата основа лежи некој голем претхрстијански-пагански празник во чест на пролетта, на будењето на вегетацијата и на животот воопшто, слава на Деметра, античката божица на плодноста. .Големиот црковен и народен празник посветен на светиот великомаченик Георгиј Победоносец познат како Ѓурѓовден спаѓа меѓу неподвижните празници или меѓу празниците со постојан датум. Секоја година се паѓа на 6 мај според новиот, или на 23 април според стариот календар Како голем празник
