Временска прогноза

Променливо облачно со врнежи од дожд

27.02.2023 08:41

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а локално врнежите ќе бидат поројни проследени со ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи. Наутро температурата ќе биде од 4 до 10, а во текот на денот од 8 до 18 Целзиусови степени.

Во Скопје времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и со слаб до умерен јужен ветер. Температурата ќе биде до 16 Целзиусови степени.