МВР

344 санкционирани возачи во Скопје, 155 за брзо возење

27.02.2023 09:00

На територија на град Скопје изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 155 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 344 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 155 санкции, 36 мерки за возење без возачка дозвола, 38 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум мерки за некористење сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, апелираат од МВР.