Во Охрид денеска пристугнува првиот чартер лет со австриски туристи
06.05.2014 09:29
Македонија во февруари годинава ја посетиле 248 туристи од Австрија, што е 1,5 проценти од вкупниот број на странски туристи...

На аеродромот „Св.Апостол Павле“ во Охрид претпладне ќе слета првиот од предвидените четири чартер лета со 186 австриски туристи.
Летот ќе го реализира австриската компанија „Флај Ники“.
Македонија во февруари годинава ја посетиле 248 туристи од Австрија, што е 1,5 проценти од вкупниот број на странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Во текoт на летната сезона минатата година во Македонија престојувале над 4.600 австриски туристи.
