Снегот предизвика хаос, Далмација отсечена
Поради огромното количество на снег и ветер со брзина и до 150 километри на час нема слободен патен правец за ниту една група возила од правец на Далмација кон внатрешноста...

Снег предизвика целосен колапс на сообраќајот и ја отсече Далмација од остатокот од Хрватска. Поради огромното количество на снег и ветер со брзина и до 150 километри на час нема слободен патен правец за ниту една група возила од правец на Далмација кон внатрешноста.
Отворени беа прифатни центри во Грачац, Госпиќ, Обровац и Книн. На терен се и спасувачки екипи кои помагаат да се извлечат заглавените од снегот. Едно лице загинало.
„На автопатот А1 кон север кај Бриње се случи сообраќајна незгода. Автобус се превртел на левата страна. Во моментот на несреќата во автобусот имало 10 лица, од кои едно лице починало на самото место. Другите патници се пренесени во болниците во Карловац и Огулин каде што им е укажана лекарска помош“, изјави Маја Брозичевиќ од полицијата Личко-сењска област.
Во земјата е вклучен црвен метеоаларм.
