Средба Вучиќ – Курти во Брисел
Лидерите на Србија и на Косово денес треба да разговараат во Брисел. На агендата е Договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни...

Лидерите на Србија и на Косово денес треба да разговараат во Брисел. На агендата е Договорот за нормализирање на односите меѓу двете страни.
Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел е домаќин на средбата меѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ. Тие со месеци разговараат за договорот под дипломатски притисок на ЕУ и САД.
Ниту Србија, ниту Косово, ниту Европската унија (ЕУ) не го објавија текстот на договорот. Но, од ЕУ соопштија дека договорот вклучува взаемно признавање на официјални документи, зголемена финансиска помош и други мерки за подобрување на животот на луѓето и во Србија и во Косово.
