Кина со тенденција уште оваа година да стане најголема економија во светот?

06.05.2014 09:59

Aмериканските медиуми најавија дека е можно Кина да ги претекне САД и да стане најголемата економија во светот уште во текот на оваа година...

Новите извештаи базирани врз анализа на Светската банка, која во предвид ја земала и куповната моќ на кинеската валута јуанот, обемот на кинеската економија веќе е израмнет со американскиот, а во текот на годинава ќе го надмине, укажуваат повеќето анализи дека Кина ќе ги надмине САД како најголема светска економија на почетокот на следната деценија. 

Пред двете големи економски кризи што ги зафатија САД и Европската Унија, кинеската економија знаеше да расне и над 10 проценти годишно, а во изминатите неколку години стапката на раст се движи околу седум или осум проценти годишно. Се очекува, во текот на годинава кинеската економија да се зголеми за 7,5 проценти, што е трипати повеќе од американската. 

изминатата декада земјата постепно ги претекнуваше најголемите европски држави, вклучително и Германија, за да се искачи над Јапонија во 2009 година, со што стана втората најголема економија во светот.

Бруто домашен производ на Кина се проценува на над девет билиони долари.