Земјотреси

Земјотреси во Индонезија и во Турција

27.02.2023 12:04

Нов земјотрес од 5,2 степени по Рихтер денеска ја погоди Турција...

Земјотрес со јачина од 5,5 степени по Рихтер го погоди индонезискиот остров Сулавеси. Земјотресот бил на длабочина од 12 километри. Засега нема извештаи за евентуална материјална штета или повредени.

Нов земјотрес од 5,2 степени по Рихтер денеска ја погоди и Турција. Епицентарот бил кај Малатија, област кој речиси целосно беше уништена од земјотресите на почетокот на месецов.

Епицентарот бил на длабочина од 10 километри.