Жртви на двете страни во крвавите судири во Славјанск
Четворица украински војници загинаа, а повеќе од 20 се повредени во вчерашните крвавите судири во Славјанск на истокот на Украина.

Тензично беше и во Одеса. Министерот за внатрешни работи Арсениј Аваков посочи дека во антитерористичката акција има жртви и меѓу проруските сепаратисти, но и цивили.
„Триесетина терористи се убиени, тие војуваат против нас, ја напаѓаат нашата територија и затоа ние мораме да ги елиминираме. Нашата тактика е пополека да ја завземаме територијата и да го спасиме мирното население“, изјави Аресниј Аваков, министер за внатрешни работи.
Украинскиот парламент денеска ќе заседава зад затворени врати за судирите во Славјанск. Гувернерот на Луганск, Валериј Болотов одобри на 11-ти мај да се одржи референдум за автономија.Молдавија е во состојба на воена готовност по ескалацијата на насилството во Украина. Премиерот и предтседаелот ја потврдија подршката која и ја даваат на земјата за зачувување на територијален интегритет. Во Виена на Советот на министри, средба на министрите за надворешни работи на Русија и Украина, Лавров и Дешчица, каде се очекува главна тема на разговорите да биде кризата меѓу двете земји. Според медиумите Лавров доаѓа со „белата книга“ во која на 81 страна се сублимирани сите кршења на човековите права од страна на официјален Киев. Федералното обвинителство на Швајцарија потврди дека ги замразнало сметките на поранешниот украински претседател Виктор Јанукович и луѓето од неговото опкружување за износ од околу 170 милиони швајцарски франци.
Марија Петковска
