ДКСК

Антикорупциска отвори предмет за Артан Груби

27.02.2023 13:37

Антикорупционерите уверуваат дека се постапува по предметот за вицепремиерот Артан Груби, формиран откако во јавноста излегоа наводи за прекумерно зголемување на имотот на членови од неговото семејство. Велат, приоритетно ќе го работат...

Членот на антикорупциска, Нури Бајрами распали по премиери, министри, професори и други функционери кои од 2002-ра година дозволиле законски неправилности во однос на кредитите од високото образование, а цели генерации се здобиле со дипломи и работат по институциите.

Тој се огради од случајот со синот на собранискиот спикер Џафери, кој е негов баџанак, велејќи дека секогаш се изземал кога комисијата постапувала по предметот и ги отфрли забелешките кои против него беа изнесени во јавноста.

Антикорупционерите уверуваат дека се постапува по предметот за вицепремиерот Артан Груби, формиран откако во јавноста излегоа наводи за прекумерно зголемување на имотот на членови од неговото семејство. Велат, приоритетно ќе го работат.

Предметот за Груби се однесува на проверка на имот во центарот на Скопје стекнат по неколкупати пониска цена од пазарната.

Фиљана Кока