Битиќи од Брисел: Ве уверувам во нашата максимална заложба кон исполнување на препораките од извештајот на ЕК
Во својот говор пред претставниците на Европската Унија (ЕУ) вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги иако не се основните вредности на Договорот за основање на Европската Унија, дека тие не се ни основите на формирањето на Унијата, но во почетокот на третата деценија на 21 век, тие се исто толку важни колку што во средината на претходниот век биле основните права и слободи врз кои се базира Договорот за формирање на ЕУ...

Заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, денес во Брисел учествуваше на билатералниот скрининг состанок од Кластер 2, „Внатрешен пазар“, поточно на состанокот од Поглавје 9 „Финансиски услуги“.
Во својот говор пред претставниците на Европската Унија (ЕУ) вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги иако не се основните вредности на Договорот за основање на Европската Унија, дека тие не се ни основите на формирањето на Унијата, но во почетокот на третата деценија на 21 век, тие се исто толку важни колку што во средината на претходниот век биле основните права и слободи врз кои се базира Договорот за формирање на ЕУ.
Пред претставниците на Европската комисија, вицепремиерот Битиќи нагласи дека финансиските услуги се насекаде околу нас и дека ние директно или индиректно секогаш сме опкружени со акции и трансакции, кои пак се тесно поврзани и зависни од финансиските услуги.
Вицепремиерот во својство на главен координатор на Кластер 2, во кое спаѓа Поглавјето 9 – „Финансиски услуги“, ги увери претставниците на Европската Унија дека земјата оваа година ќе се потруди максимално да ги исполни препораките од извештајот, со што ќе донесеме закон за решавање (резолуција) на банки и имплементација на законодавството и подзаконските акти и врз основа на тоа да го завршиме назначувањето на Регулаторно тело за банките, правилно справување и спречување на нерегистрираните и неосигурените возила и ќе продолжиме да се занимаваме со заштитата на потрошувачите заедно со формирањето на финансиски Народен правобранител.
Вицепремиерот додаде дека земјата ќе вложи многу повеќе напори за измена на Законот и зајакнување на осигурувањето на сите моторни возила во државата, заедно со поставување на систем каде ќе се чуваат сите потребни податоци за осигурените возила, со што ќе го спречиме возењето на неосигурени возила.
На крајот на својот говор, заменик претседателот на Владата рече дека финансиските пазари ќе се развиваат како што беше предвидено во стратегијата од февруари 2022 година, каде очекуваме проширување на понудата на долгорочни хартии од вредност со зголемена побарувачка, додека измената на Законот за инвестициски фондови во јули 2021 година и другите имплементирачки закони за инвестициски фондови и хартии од вредност, се однесуваат на дел од неопходното усогласување со правото на ЕУ.
Работната група за ова поглавје ја предводи заменичката на главниот преговарач со Европската Унија, Дрита Абдиу-Халили и нејзе ја сочинуваат претставници од Секретаријатот за европски прашања, Министерството за финансии, Народна банка на Република Северна Македонија, Комисија за хартии од вредност, Централен регистар, Агенцијата за супервизија на осигурување, Управа за финансиско разузнавање, Министерство за внатрешни работи, Финансиска полиција и Државна комисија за спречување на корупцијата.
Билатералниот скрининг продолжува на 1-ви март за кога е закажан состанокот за Поглавје 28, „Заштита на потрошувачите и јавно здравје“.
Вицепремиерот Битиќи и неговиот Кабинет, како што е предвидено во нашата преговарачка структура, се назначени за координатори на целиот Кластер 2, покрај координацијата на Секретаријатот за европски прашања како институција назначена за координација на национално ниво.
