Премиерот ја отфрли идејата на Гаши
Предлогот за заедница на албански општини е неприфатлив – дециден премиерот Ковачевски. „Се работи за несериозна идеја, бидејќи односите во нашата држава се решени со Охридскиот рамковен договор, кој го потпишаа сите претставници на политички партии, и на Македонците и на Албанците“, а гаранција се и САД и ЕУ – изјави претседателот на Владата, и додаде дека во земја која преговара со ЕУ, таквиот предлог е неевропски и неамерикански.

„Тоа тие што го заговараат се неинформирани или не ги разгледале добро договорите кои ги решаваат идентитетските прашања на Балканот“, изјави Ковачевски.
Министерот за локална самоуправа Ристо Пенов – предлогот на Алтернатива го оцени како обид за ловење политички поени, имајќи предвид дека со Охридскиот договор е затворено прашањето за локалната самоуправа, којашто ги задоволува потребите на сите граѓани и националности.
„Јас ја разбирам потребата политички поени, треба да се внимава со ваквите изјави“, рече Пенов.
И СДСМ, ДУИ и Алијансата за Албанците ја отфрлија идејата на Гаши, оценувајќи го како обид на партијата којашто неодамна излезе од владата за опстои на домашната политичка сцена.
Марина Стојанова Тонева