Влада

Ковачевски: Доделени нови 45 социјални станови, се грижиме за квалитетен живот на граѓаните

27.02.2023 14:25

Премиерот истакна дека предизвиците кои ги наметна тешката економска криза, не ја спречија Владата во реализација на спроведување на социјално-станбената политика...

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски денеска во Гостивар во присуство на министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, градоначалникот, Арбен Таравари и директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, Зоран Ѓоргијев доделија клучеви од новите домови на 45 семејства од социјално ранливи категории.

Премиерот истакна дека предизвиците кои ги наметна тешката економска криза, не ја спречија Владата во реализација на спроведување на социјално-станбената политика.

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски истакна дека Владата и Министерството ги преземаат сите мерки за ублажување на последиците од кризата и за обезбедување подобри услови за живот на сите граѓани.

Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари истакна дека набрзо домување ќе добијат уште 25 семејства од ранливите категории граѓани.

Директорот на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен простор и со деловен простор, Ѓоргијев рече дека колективната, станбена зграда наменета за лица од социјален ризик и други социјално ранливи категории во Гостивар е со вкупна површина повеќе од 3.000 м2 и има П+4 со 2 влеза.