Делегација од Министерството за одбрана на „Софекс 2014“
Делегација од Министерството за одбрана на РМ, на чело со министерот Џафери од вчера е дел од неколкудневната конференција на единици за специјална намена „SOFEX 2014“ која се одржува во Аман, главниот град на Јордан.
На саемот ќе извршат презентација поголем број мали, средни, но и големи интернационални корпоративни производители кои ќе ги претстават најновите технолошки достигнувања и парчиња опрема.

„SOFEX 2014“, соопшти денеска МО, вклучува низа настани предводени од конференцијата на која учествуваат влијателни личности од сферата на одбраната и безбедноста, вклучувајќи министри за одбрана, началници на Генералштабови, команданти на сили за специјални операции и челници на политички директорати.