МТСП

Потпишани договори со Јавните општински установи за инклузија на деца Роми

27.02.2023 14:39

На настанот присуствуваа министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција Ди Џовани и советникот за инклузија на Ромите во Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети...

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска заедно со претставничката на УНИЦЕФ во државата, Патриција Ди Џовани и советникот за инклузија на Ромите во Владата на Република Северна Македонија, Елвис Мемети присуствуваа на потпишувањето на договори за инклузија на деца Роми во јавните општински установи во РСМ.

Тренчевска со своето воведно обраќање се заблагодари на проактивноста на општините и го истакна значењето на предучилишното образование на децата. Таа истакна дека децата Роми за време на нивното предучилишно воспитание не беа вклучени во сегрегирани групи туку напротив во интегрирани заедно со децата од другите заедници кои живеат во Република Северна Македонија

На настанот се обрати и претставничката на УНИЦЕФ, Патриција Ди Џовани. Таа напомена дека и покрај големиот успех на Министерството за труд и социјална политика треба да се продолжи со заложбите за вклучување на сите деца во предучилишно образование и воспитание и да продолжи со интеграцијата на децата во градинките.

На настанот беа потпишани 8 договори со општините Центар, Гази Баба, Берово, Пехчево, Виница, Делчево, Кочани и Шуто Оризари.