Продолжува собраниската расправа за реконструкција на владата
Собранието трета недела расправа за реконструкцијата на владата. По разрешувањата, собраниска седница за избор на новите министри – Кренар Лога во правда, Фатмир Меџити во здравство, Азир Алиу во информатичко општество и администрација и Каја Шукова во министерството за животна средина и просторно планирање…

Кој е повеќе корумпиран, кој има повеќе имот. Собраниска дебата за избор на новите министри во владата на Ковачевски. Сите се за европскиот пат, но меѓусебно сите се обвинуваат дека криминалот и купувањето имоти им е во преден план.
Алијанса за Албанците, новиот партнер во владата своите постапки ги смета за државнички, правдајќи го лидерот Таравари дека по 30 години лекарски стаж, може да си дозволи куќа во скопско Тафталиџе.
Во реконструираната влада влегуваат четворица нови министри, тројца од Алијанса-за правда, здравство и информатичко општество, а во животна средина влегува кадар на СДСМ.
Миле Ристески
