Прилеп

Од утре се отвораат операционите сали во прилепската болница

27.02.2023 14:54

Од утре се отвораат салите во прилепската болница и продолжуваат со оперативните зафати. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата...

Од утре се отвораат салите во прилепската болница и продолжуваат со оперативните зафати. Одлуката ја донесе Комисијата за интрахоспитални инфекции при болницата. Оттаму информираат дека добиле негативни наоди од 150-те земени примероци од салите и персоналот, но со корекција на одредени состојби. Оперативните зафати ќе продолжат со почитување на принципите за сепса, дезинфекција и стерилизација.

Салите беа затворени пред 10-тина дена по случајот со прилепската пациентка на која по зафат во гинеколошкото одделение ѝ се искомплицира состојбата и почина на скопските клиники. Инспекторатот направи вонреден надзор и ја задолжи болницата да врши месечен бактериолошки мониторинг и будно да се следи состојбата со интрахоспитални инфекции.

Прилепското Обвинителство има отворено предмет за лекувањето на тројца пациенти, а сè уште се чека на резултатите од обдукцијата на прилепската пациентка.