Во списокот против Португалија ги нема Манасков и Георгиевски
Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за двомечот против Португалија, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година...

Селекторот Кирил Лазаров го објави поширокиот список од 35 ракометари за двомечот против Португалија, во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2024 година. Најголемо изненадување е тоа што на овој список ги нема искусните Дејан Мансков и Гоце Георгиевски.
Двајцата ракометари кои со години се препознатливи по играта на крилните позиции, не се во националниот тим, иако двајцата настапија на последниот дуел на клупски план за Вардар. Во наредните денови се очекува Лазаров и да го скрати списокот.
Пласманот на Македонија е скоро обезбеден, но овој двомеч со Португалија е битка за првата позиција, двете селекции имаа максимални две победи по првите натпревари.
