После неколку месечна блокада формално е деблокиран Уставниот суд во Црна Гора
Деблокирана е работата на црногорскиот Уставен суд откако Собранието на 27 февруари изгласаа тројца нови судии, со што и се овозможи услови за работа...

Деблокирана е работата на црногорскиот Уставен суд откако Собранието на 27 февруари изгласаа тројца нови судии, со што и се овозможи услови за работа на Уставниот су. Од септември минатата година Уставниот суд немаше кворум за одлучување, затоа што броеше само тројца од потребните седум судии.
Тројца кандидати за судии добија одобрение од Собранието, додека за четвртиот кандидат во првиот круг не гласаше потребното двотретинско мнозинство, па за него Парламентот ќе одлучува најрано за еден месец.
За избор на судија во вториот круг на гласање потребно е трипетинско мнозинство од 81 пратеник. Судиите во Уставниот суд имаат мандат од 12 години.
