Лукот освен како природен антибиотик, ефикасен и во слабеењето
Лукот изобилува со витамини Б6 и Ц, како и со растителни влакна и калциум, поради што игра клучна улога во контролата на телесната тежина...

Истражувањата покажале дека лукот може да биде ефикасен во процесот на слабеење и неизбежна состојка на здравата исхрана. Лукот изобилува со витамини Б6 и Ц, како и со растителни влакна и калциум, поради што игра клучна улога во контролата на телесната тежина.
Експертите препорачуваат секој ден да јадете лук за ефикасно слабеење. Лукот е природен диуретик и го зголемува создавањето урина во организмот, што помага во детоксикација, губење масти и исфрлање на штетните материи. Подобрениот имунитет веднаш ќе се одрази на брзината на метаболизмот, а тоа значи горење калории.
Ако ви смета мирисот на лукот или не сакате да го џвакате, можете да го голтнете цел, како пилула.
