Здравје

Богатство на хранливи и здравствени придобивки кои се наоѓаат во кората

27.02.2023 20:02

Луѓето најчесто по лупењето на овошјата и зеленчуците, ја фрлаат кората како отпадок, не знаејќи дека всушност тие фрлаат богатство на хранливи и здравствени придобивки кои се наоѓаат во овие кори...

Луѓето најчесто по лупењето на овошјата и зеленчуците, ја фрлаат кората како отпадок, не знаејќи дека всушност тие фрлаат богатство на хранливи и здравствени придобивки кои се наоѓаат во овие кори.

Кората од портокалот всушност содржи 4 пати повеќе растителни влакна од самата сочна внатрешност на целиот портокал. Таа, исто така, е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата кора, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.

Кората од јаболкото содржи 87% повеќе фитохемикалии кои се борат со ракот отколку месниот дел од јаболкото. Јаболкото за разлика од портокалот и кивито.

Кората на краставицата е одлична ужина помеѓу оброците – но, се разбира заедно со кората. Таа содржи силина која претставува хемикалија која помага во изградба на колагенот (сврзно ткиво за затегната кожа и мускули).

Кора од лубеница, за среќа надворешната зелена и тврда кора од лубеницата не ги содржи хранливите состојки, туку здравствените бенефиции се наоѓаат во белиот дел помеѓу црвениот и зелениот дел на лубеницата. Секогаш откако ќе го изедете црвениот дел, јадете го и белиот бидејќи тој ја содржи аминокиселината цитрулин. Оваа аминокиселина помага во опуштање и зголемување на крвните садови со што овозможува одлична циркулација на крвта низ телото

Доколку до сега немате пробано кора од киви, сега е вистинското време за тоа. Влакнестата обвивка се бори активно со инфекции од типот на ешерихија коли и стафилококус.

Кората од банана, нуди многу здравствени придобивки. Кората од банана содржи Б6 и Б12, магнезиум и калиум. Таа исто така содржи повеќе влакна од месниот дел на бананата. Друга придобивка е фактот што содржи триптофан, којшто ги зголемува нивоата на серотонин. Истражувањата покажале дека значително се подобрува расположението, а со тоа се намалува ризикот од депресија.