Вардар ќе бара нов триумф во Белград
Вардар го дели само уште еден натпревар од заверка на првото место во групата од СЕХА лигата сезонава, а „црвено-црните“ ќе бараат нов триумф на гостувањето во Белград кај Партизан...

Вардар го дели само уште еден натпревар од заверка на првото место во групата од СЕХА лигата сезонава, а „црвено-црните“ ќе бараат нов триумф на гостувањето во Белград кај Партизан.
Вардар во моментов е првопласиран на табелата во Б групата, пред Татран Прешов и Партизан. Со триумф, вардарци сигурно ќе бидат првопласирани. Во првиот меѓусебен дуел сезонава на Вардар и Партизан, победи македонскиот првак со 31-26.
Тренерот на Вардар, Владо Недановски е претпазлив за дуелот со Партизан, истакнувајќи дека екипата од Белград ќе посакува да се покаже во подобро светло.
