Политика

Пред полноќ се очекува да заврши гласањето за новите министри

27.02.2023 20:36

Неколку часовната денешна дебата во Собранието помина во партиски расправии за тоа која партија направила повеќе или помалку додека била на власт. Во расправијата доминираа темите како корупција, економијата, земјоделството, здравството, „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции...

Пратениците заминаа на пауза по неколкучасовната расправа за избор на новите министри во Владата. Дебатата за владината реконструкција е најавено дека ќе продолжи. За збор се пријавени уште четири пратеници. Тоа значи дека постои можност гласањето за реконструкцијата на владиниот кабинет во Собранието да се случи и вечерва.

Неколку часовната денешна дебата во Собранието помина во партиски расправии за тоа која партија направила повеќе или помалку додека била на власт. Во расправијата доминираа темите како корупција, економијата, земјоделството, здравството, „Скопје 2014“, стоковните резерви, инфлацијата, хакираните институции.

Пред полноќ се очекува парламентарното мнозинство да ги избере новите членови на Владата, Кренар Лога за министер за правда, Фатмир Меџит за здравство, Азир Алиу за информатичко општество и Каја Шукова за министер за екологија. Македонската опозиција денеска уште еднаш ја потсети Алијансата за Албанците на јавните изјави против ДУИ.