Временска прогноза

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

28.02.2023 08:36

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени...

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со попладневни врнежи од дожд, наместа пообилни. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 6, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно, во попладневните и во вечерните часови со врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 14 степени.