Сан Антонио загуби, на врвот Индијана
Сан Антонио го загуби дербито на западот во Оклахома со 94-88, а тоа го искористи Индијана, која со лесниот триумф на гостувањето кај Шарлот со 99-74 стана сопственик на најдобриот биланс во НБА лигата досега. Индијана има 14 победи на 15 натпревари, а Сан Антонио забележа два пораза, исто така на 15 одиграни средби, што е доволно за водечкото место во западната конференција. Во неа втор е Портланд кој го претрпе третиот сезонски пораз, ноќеска во салата на Феникс со 120-106. Во одличен ритам влезе и Оклахома која се радуваше на последните пет меча.

Сан Антонио го загуби дербито на западот во Оклахома со 94-88, а тоа го искористи Индијана, која со лесниот триумф на гостувањето кај Шарлот со 99-74 стана сопственик на најдобриот биланс во НБА лигата досега. Индијана има 14 победи на 15 натпревари, а Сан Антонио забележа два пораза, исто така на 15 одиграни средби, што е доволно за водечкото место во западната конференција. Во неа втор е Портланд кој го претрпе третиот сезонски пораз, ноќеска во салата на Феникс со 120-106. Во одличен ритам влезе и Оклахома која се радуваше на последните пет меча. На истокот, зад Индијана е шампионот Мајами со 12 победи досега. Ноќеска „жешките“ славеа во Кливленд со 95-84. Агонијата на Њујорк продолжи со пораз во Лос Анџелес од Клиперс со 93-80.
***
НБА лига, резултати:
Оклахома – Сан Антонио 94-88
Шарлот – Индијана 74-99
Феникс – Портланд 120-106
Кливленд – Мајами 84-95
Лос Анџелес Клиперс – Њујорк 93-80
Далас – Голден Стејт 103-99
Минесота – Денвер 110-119
Милвоки – Вашингтон 92-100 (продолжување)
Хјустон – Атланта 113-84
Детроит – Чикаго 79-99
Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 94-99
Бостон – Мемфис 93-100
Орландо – Филаделфија 105-94
Тони Стојановски
