Судство
Почнува судењето за нападот врз Пендиков
28.02.2023 09:22
Денеска во судот во Охрид треба да почне судењето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пендиков...

Денеска во судот во Охрид треба да почне судењето за нападот врз секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис“, Христијан Пендиков. На обвинителна клупа треба да седне Илија Спасески кој беше уапсен неколку дена по инцидентот.
Според обвинението, тој, заедно со уште едно лице од Битола, од омраза поради националната и етничката припадност, му нанеле тешки телесни повреди на Пендиков.
Инцидентот се случи на 19-ти јануари во кафе-бар во Охрид. Бугарските власти испратија авион со кој Пендиков беше пренесен на лекување во Софија.
