Зеленски: Ситуацијата околу Бахмут се влошува
Руските сили веќе шест месеци се обидуваат да го освојат градот Бахмут во источниот регион Доњецк и постепено напредуваа во изминатите недели...

Украинскиот претседател Зеленски предупреди дека воената ситуација околу Бахмут станува многу тешка. Руските сили веќе шест месеци се обидуваат да го освојат овој град во источниот регион Доњецк и постепено напредуваа во изминатите недели.
САД нагласија дека одлуката на Москва да се повлече од договорот СТАРТ нема да ја намали воената поддршка за Киев. Кремљ обвини – НАТО не е условен противник, туку непријател на Русија. Во меѓувреме, Молдавија протера двајца странски државјани кои наводно учествувале во обид за дестабилизација на земјата.
Авиокомпанијата „Визер“ ги запре летовите од главниот град поради загриженост за безбедноста на воздушниот простор.
