Вучиќ и Курти на 18-ти март во посета на РС Македонија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и премиерот на Косово, Албин Курти на 18-ти март ќе ја посетат Република Северна Македонија...

„Србија и Косово признаваат дека неповредливоста на границите, почитувањето на територијалниот интегритет и суверенитет и заштитата на националните малцинства се темелни услови за мир“, се вели во Договорот за нормализација на односите меѓу двете земји, што Европската унија го објави вчера. Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека премиерот на Косово Албин Курти не бил подготвен да ја прифати ЗСО.
„Имавме тежок состанок, ќе имаме уште средби, на 18-ти март треба да се видиме на територијата на Северна Македонија кога Жозеп Борел ќе го посети регионот. Дотогаш со Лајчак треба да разговараме за работите за имплементација“, рекол Вучиќ во обраќањето од Брисел.
Според претставникот на Соединетите Американски Држави, Ескобар исходот од дијалогот е сè уште далеку и треба многу да се работи пред да се постигне договор меѓу двете страни.
