Кривичен суд

Одложено судското рочиште за кардиохирургот Жан Митрев

28.02.2023 10:15

На познатиот лекар му се суди за измама на пациенти заболени од Ковид-19. Од клиниката целосно го отфрлаат обвинението, како неосновано и велат оти ќе докажат дека ниту еден пациент не бил измамен...

Се одложи судењето на кардиохирургот Жан Митрев кој денеска требаше да седне на обвинителна клупа. Причината е да се докомплетира правниот тим на одбраната. Следното рочиште е закажано на 5-ти април.

На познатиот лекар му се суди за измама на пациенти заболени од Ковид-19. Од клиниката целосно го отфрлаат обвинението, како неосновано и велат оти ќе докажат дека ниту еден пациент не бил измамен.

Митрев се товари дека во периодот од јуни 2020-та до јуни 2022-ра година со намера да прибави значителна материјална корист, со умисла довел во заблуда 283 пациенти болни од Ковид-19 дека методот на лекување со хемофилтрација може да ги излекува од опасната болест.

Од клиниката „Жан Митрев“, исто така информираа дека на еден ден пред да почне судскиот процес, од Кривичниот суд е донесено решение за определување на предлог мерки кои предвидуваат целосно блокирање на сметките на болницата.