Судство

Се одложи судењето за напаѓачот на Пендиков, одбраната ги бара доказите

28.02.2023 10:51

Се одложи првото рочиште во Основниот суд Охрид за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“...

Се одложи првото рочиште во Основниот суд Охрид за нападот врз Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“.

Судот го прифати барањето на бранителите на едниот од осомничените за нападот, Илија Спасески кои побараа да ѝ се достават доказите против него, од што ќе зависи произнесувањето на обвинетиот.

Следното рочиште е закажано за 5-ти април.