Дојави за бомби во 21 средно и 18 основни училишта во Скопје
По добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки...

Нови дојави за поставени експлозивни направи упатени на електронските адреси на 21 средно и 18 основни училишта во Скопје. По добиените пријави, полицијата презема мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки. Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.
Со новата одлука на Министерството за образование и наука, учениците нема да губат часови поради дојавите. Тие имаат еден час да дојдат дома и наставата да ја продолжат онлајн.
Дојави за бомби вчера имаше во 21 средно и 11 основни училишта на подрачјето на Скопје, едно основно училиште во Прилеп и Основниот суд во Охрид. По спроведените проверки, МВР соопшти дека сите дојави се лажни.
